Тешка сообраќајка пред Штип - тројца во болница
Ноќеска околу еден часот по полноќ на магистралниот пат Велес – Штип, кај селото Каратманово се случила тешка сообраќајка, во која има повредено три млади лица, јавува локалниот портал
Во автомобил Голф 4, со кој се враќале од забава во Лозово биле С.Б. ( 30 год), С..(30 год) и Ј.А. ( 25 год) сите од Иванковци. Според сведоците автомобилот металик боја излетал од патот и паднал во ендек.
Инцидентот се случил во мошне тешки временски услови, густа магла која ја отежнувало давањето на помош од страна на докторите од Итната служба но и транспортот на повредените до Клиниките до Скопје.
Според докторите од велешката Болница двете повредени лица имале тешки повреди и морале да бидат транспортирани за Скопје, додека најмладиот е на хируршкото одделение.
Таму се пренесени С. Б. и Ј. А. додека С. С. е зaдржан во велешката Болница
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа