Од забава завршиле во ендек - страшна несреќа кај Штип

 

Три лица се тешко повредени во страотна сообраќајка  на патот Велес - Штип, пишуваат македонските медиуми.

Според досегашните информации, несреќата се случила ноќеска кај селото Каратманово, кога засега од непознати причини, автомобил „Голф 4“ излетал од патот и паднал во ендек. Тројцата повредени, се враќале од забава од селото Лозово.

 

Двајца од повредените, С.Б. и Ј.А. од Иванковци, поради сериозноста на повредите биле пренесени на скопските Клиники, додека С.С. останал во болница во Велес.

Несреќата се случила во мошне тешки временски услови, со густа магла.

06.01.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега