Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции

 


Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со инвестиции во културата одговори:

– Во културата имаме инвестиции кои се навистина историски. Првично тука го имаме театарот во Струмица, кој конечно треба да биде завршен. Завршена е тендерската постапка и се надеваме наскоро ќе биде пуштен во функција. Постапката за скопската Универзална Сала е во завршна фаза. Тука се и сите културни домови кои се реновираат на целата територија на Македонија.

Премиерот Мицкоски нагласи дека се потребни уште многу инвестиции кои тие како влада ветуваат дека ќе ги изработат чесно и одговорно.

11.09.2025 - 13:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега