Фетаи го тужи Ќамил Ковачи за клевети

 


Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба за клевета и нарушување на угледот против членот на ДУИ, Ќамил Ковачи.

Тужбата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Фетаи, се однесува на лагите и клеветите што Ковачки ги ширел на социјалните мрежи, монтирајќи изјави кои вицепремиерот Арбен Фетаи никогаш не ги кажал.

- Целта е да се оцрни угледот на вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, да се дезориентираат и излажат граѓаните и да се создаде лажен впечаток, заснован на лаги, монтажа и измислици. Оваа тужба е јасна порака дека ќе ја браниме вистината до крај, со сите правни средства. Ќе ги заштитиме граѓаните од дезинформации и нема да дозволиме клеветите, лагите и измамите да се претворат во политичко оружје, се наведува во соопштението.

11.09.2025 - 16:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега