Северина е газдарица на порталот кој ги објави првите фотографии од порно-филмот
Хрватската пејачка Северина неодамна забележала судска победа во Државниот завод за интелектуална сопственост, во процесот против фирмата „Прва страница" која го поседува еден од најпопуларните хрватски веб-сајтови – „Индекс".
Според сознанијата на „Јутарњи лист“, правосилноста на одлуката настапила на 5. јануари. Сега експертите ќе ја проценат реалната вредност , па Северина својата отштета ќе ја наплати со продажба на брендот „Индекс" на јавна аукција.
Ова значи дека судбината на веб-сајтот „Индекс“ на авторот Матија Бабиќ може да се движи во два правци: или сопственик на името „Индекс" да стане некој друг издавач кога брендот ќе биде понуден на јавно наддавање, или, хрватската дива Северина да остане сопственик на трговската марка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа