Крвав Бадник за скопјанец: Го начекале на улица и му го извадиле окото

 

51 годишниот скопјанец К.К. вчера завршил во скопскиот Ургентен центар, откако група насилници го нападнале во скопски Припор.

Според полицијата, К.К. бил нападнат вчера околу 13 часот во скопската населба Припор. На скопјанецот му пришла група непознати насилници и еден од нив го забодел со остар предмет во пределот на окото.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

07.01.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега