Што му порача Филе на Заев во Брисел?

Опозицијата очекува јасен договор со власта за разграничување на партијата од државата. Со ваква изјава, лидерот на СДСМ, Зоран Заев излезе по средбата со еврокомесарот Штефан Филе во Брисел. Заев истакна дека е задоволен од средбата но нема детали од тоа, какви биле ставовите на комесарот Филе.

 

„Пред се јасно нагласивме дека очекуваме јасно се постигне договор со власта, во делот на разграничување на партијата од државата, што го има како препорака во Извештајот на Европската комисија, како и сите други регулативи, коишто изборното законодавство мора да ги предвиди“ - вели Заев.

Токму оваа точка е каменот на кој се сопнуваат власта и опозицијата оклу реформите во изборното законодавство. Опозицијата бара да нема покачување на плати и пензии во време на изборната кампања, без разлика дали тие се претходно планирана, што за власта е неприфатливо. Опозицијата смета дека тоа е дел од препораките на Советот на Европа, додека власта не се согласува со ова толкување.  Доколку се исполнат овие барања на опозицијата, навајвеното покачување насоцијалната помош и пензиите во март не би можело да се реализира. Повеќе медиуми пишуваа дека целта на ова патување на Шеќеринска и Заев во Брисел е за да и се укаже на опозицијата дека овие барања се нереални и дека не може да очекува, власта да ги прифати. Какви насоки добиле опозицинонерите од Филе се уште не се соопштува.

 

Меѓу другото, Заев потенцираше дека со Филе разговарале и за слободата на медиумите како и за спорот кој Грција го има со македонското име.

 

„Побаравме од Европската Комисија да го искористи грчкото претседателство за подиректно да се вклучи во решавање на долгогодишниот проблем. Нотиравме неколку идеи како тоа би можело да се случи, за секако да конвергираме до конечната цел, да се најде решение. Но, секако очекуваме дека она коешто зависи од Република Македонија, пред се од нас како политички партии од власта, секако и од опозицијата, ќе биде решено и надминато.“ - изјави Заев

 

07.01.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега