Шуми како да си ја предвидел несреќата - откриени детали од неговиот тестамент
Најуспешниот возач во Ф1 циркусот Михаел Шумахер, се уште се наоѓа во кома по несреќата на скијање, уште пред 3 години го составил својот тестамент, оставајќи им на сопругата Корина и децата 750 милиони долари.
Шуми го напишал својот тестамент по еден инцидент кој го имал со негов колега за време на трка. Во 2010 година, кога Шуми го направи тестаментот, тој имал точно 750 милиони долари.
- Јас сум семеен човек и редно е да ги осигурам најблиските. Не го правам ова само поради трките, туку и поради работите кои може да се случат секој ден во животот и на обичните луѓе, изјави тогаш во интервју Шумахер, кој, освен 750-те милиони, тогаш имал и 12 автомобили и 5 куќи.
Седум кратниот светски шампион во Формула 1 како да претчувствувал што го очекува. На 29-ти декември минатата година, Германецот преживеа несреќа додека возеше скии во француското одморалиште „Мерибел“. Поради тешката повреда на мозокот, тој беше воведен во состојба на вештачка кома.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа