Малолетната Маја не е убиена и не е жртва на трговија со луѓе?

 

Малолетната Маја Блажеска од охридско Лешани која минатата година беше пронајдена мртва на Илинска Планина, не е убиена и не е жртва на трговија со луѓе, тврдат од СВР Охрид. Според охридската полиција, исклучена е секаква можност член од семејството да е вмешан во исчезнувањето и смртта на четиринаесетгодишната Маја.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека сите докази и резултатите од обдукцијата покажуваат дека не станува збор за кривично дело.

- Апсолутно ја исклучуваме таквата можност, бидејќи и обдукцијата го потврди она што инспекторите и обвинителот го констатираа на местото на настанот, а тоа  е дека на телото нема траги од насилство. Нема влечкање, нема траги. Доколку ние имавме било какви сомневања дека била жртва на трговија со луѓе, тоа јасно ќе го истакневме, вели Димоски, пренесува Плусинфо.

Димоски вели дека неколку лица биле ставени на детектор за лаги, но, не открива кои се лицата, ниту што покажале резултатите од полиграфското тестирање.

 

08.01.2014 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега