Шумахер скијал внимателно - објавени првите детали од истрагата

 

Михаел Шумахер не бил невнимателен при несреќата во зимскиот центар Мерибел во француските Алпи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Ова е заклучокот од анализата на снимките од видео камерата која поранешниот шампион на Формула 1 ја носел на својот заштитен шлем.

Снимките биле во рацете на истражните органи од пред неколку дена, а од нив се гледа дека Германецот скијал со намалена брзина и контролирано.

Шумахер тешко се повреди удирајќи во карпа која се наоѓа во еден вид на „остров“ меѓу две скијачки патеки, едната црвена, друга сина, (означени се според нивната тежина) на десетина метри од нивното обележување.

Јавниот обвинител од Албертвол Патрик Кинси во текот на денов треба да ги официјализира овие заклучоци, од кои ќе зависат пред се постапките пред осигурителните компании за одговорноста на несреќата. 

08.01.2014 - 23:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега