Страшна сообраќајка кај Росоман: Еден загинат - двајца во болница
38 годишниот велешанец Димче П. Синоќа загина во страшна сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп – Градско, близу Росоман.
Несреќата се случила околу 20:50 часот, кога засега од непознати причини се судриле автомобил „Пежо“ и Сканија. Во сообраќајката загинал совозачот во „Пежото“, Димче П., додека возачот на автомобилот , 42 годишниот Ј.Н. заработил тешки повреди и бил префрлен на скопските клиники.
Возачот на Сканијата, 56 годишниот К.Ц. заработил полесни повреди и бил префрлен во болницата во Кавадарци.
Сообраќајот на патот Прилеп-Градско бил во прекин до доцна во ноќта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа