Уапсен познат скопски адвокат кој ги бранеше обвинетите во „Раштански лозја“
Полицијата го приведе и спроведе на издржување затвопрска казна адвокатот Кирил С. од Скопје. Како што дознаваме, адвокатот е осуден на 2 годиниз затвор за делото измама и ќе ги издржува во затворото во Идризово.
Полицијата го спровела вчера откако пресудата на скопскиот суд станала правосилна.
Адвокатот беше активен во повеќе познати судски случаи меѓу кои и во „Раштански лозја“.
10.01.2014 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа