„Нема куќа во Драчево што не е ограбена“ - граѓаните во страв од 14 годишниот малолетник
4 кривични дела за само еден ден. 14 годишник од скопско Драчево вчера го наполнил полицискиот билтен. Нападнал неколку постари жени, сакајќи да ги ограби. Драчевчанецот заедно со уште еден десетгодишен другар прво нападнале 85 годишна старица во нејзиниот дом. Влегле насилно, ја ограбиле и ја истепале.
„Што ќе види, тоа ќе снема. Оваа улица да речеме, нема куќа што не е опљачкана. Кола у Драчево нема што не е украдена, се плашиме дури и за нашите животи“ - вели еден жител на Драчево за Сител
Дивеењето го продолжил сам , но на нова улица. Откако начекал отворено возило- со клучеви на бравата, го украл и избегал . Возејќи искршил неколку огради од куќите кои му се нашле на патот.
Тој им е добропознат на соседите , кои повеќепати лично го пријавиле во полициската станица.
„Го знам тоа дете. Веќе и го фатив еднаш тука. Некој ми вртеше на клучот и злегов да го видам и го фатив“ - вели една жителка на Драчево
Малолетникот успеал да украде и златен гердан од старица . Кривичните дела ги завршил со демолирањето и пожарот кој ги приредил во домот на неговата баба.
Нередот го направил за само 3 часа, во две скопски населби. Во полиција бил пријавуван и претходно ,а за вчерашното дивеење се бранел дека го сторил под притисок од 24 годишник од неговата населба
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа