Гостивар: Приведени Македонки и Албанки кои нелегално работеле во кафеана
При акциска контрола, полицијата во Гостивар привела шест девојки и двајца сопственици на кафеана, каде девојките работеле илегално. Три девојки биле од Македонија, две од Албанија и една од Косово.
- Сопствениците Љ.А. и Б.Н. и македонските државјанки по разговорот се пуштени, а странските се предадени на одделеот за реадмисија, по што најверојатно во текот на денот ќе бидат депортирани во матичните земји, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски за МИА.
11.01.2014 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа