Скопјани си користеле лажни лични карти
Три лица од Скопје на возраст од 19 до 22 години си извадиле лажни лични карти. Момците кривично ќе одговараат за поднесување лажни докази и фалсификување исправи, бидејќи во 2011 година со лажни податоци и лични фотографии извадиле лажни лични карти.
Како што информираат од МВР, се работи за З.К. С.К. и Б.К. од Скопје. 19 –З.К. со Извод од матична книга на родени на име на неговиот брат 21 – годишниот С.К., во Одделение за управни работи на МВР и поднел барање за издавање лична карта. Тој се претстваил лажно пред службените лица и се фотографирал за лична карта и потоа ја подигнал личната карта со податоци на неговиот брат, а со негова фотографија.
Во септември-октомври годинава С.К. во Германија го изгубил пасошот, се вратил во Македонија со патен лист и откако во МВР поднел барање за издавање лична карта, од службените лица му било укажано дека има лична карта издадена во 2011 година. По ова иако забележал дека на личната карта се наоѓа фотографија од неговиот брат се изјаснил дека му е изгубена и истиот ден ја објавил за неважечка во Службен Весник.
И.К. кој ја информирал полицијата дека тој во изминатиот период бил на времена работа во Италија и по неговото враќање дома во фиоката затекнал две лични карти со негови податоци, но на едната имало фотографија од неговиот брат Б.К.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа