Трогателно писмо од Бред Пит за Анџелина

 

Познатиот холивудски актер Бред Пит докажа дека е вистински џентлмен. Тој за својата сопруга најубавата жена во светот за 2013, година Анџелина Џоли, посвети писмо во кое ја опишува неговата љубов кон неа.

Оваа приказна за прекрасниот пар е навистина трогателна...

„Жена ми се разболе. Таа беше постојано нервозна, поради проблеми во работата, приватноста, нејзините  неуспеси, проблеми со децата… Таа загуби 15 килограми и тежеше околу 40, а има  само 35 години. Таа се стопи, постојано плачеше и беше разочарана од сè и од сите. Ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, нервите во кичмата и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи и наутро беше уморна. Врската ни беше на работ. Убавината и одеше некаде, и  се појавија подочници  под очите, таа се опушти и престана да се грижи за себе. Таа одбиваше да  снима  филмови и воопшто ги одбиваше  сите улоги. Јас изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме … но потоа решив да дејствувам. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да ја преплавувам со цвеќиња, бакнежи и комплименти. Правев и изненадувања, и  уживав секоја минута. Правев и подароци и живеев заради неа. Им зборував на луѓето само за неа. Сите теми се сведува на неа и ја фалев пред моите и  нашите заеднички пријатели. Нема да поверувате – таа стана поубава отколку што беше порано. Внесе тежина, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно отколку порано. Јас дури и не знаев дека таа може ТАКА да бакнува. И сфатив едно: ЖЕНАТА е одраз на мажот. АКО ја сакам ДО бескрај, ТАА ЌЕ  возврати со истото! ”

Бред Пит

11.01.2014 - 13:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега