Вечерва ќе блесне светската елита на доделување на „Златен глобус“
Вечерва во Лос Анџелес ќе се одржи доделувањето на наградите „Златен глобус“, со што ќе започне овогодишната „сезона на награди“ во седмата уметност, што ќе кулминира со распределбата на „Оскарите“ на 2 март.
На доделувањето ќе учествуваат актерите од светската филмска елита .
Меѓу фаворитите за „глобус“ се историската драма „Дванаесет години ропство“ и приказната за група измамници од 70-те години на минатиот век „Американска измама“.
Шанса за освојување награди имаат и вселенскиот трилер „Гравитација“, сторијата за сомалиските пирати „Капетен Филипс“, семејната драма „Август: Округот Осаџ“ и приказната за контроверзите на финансискиот свет „Волкот од Волстрит“.
Главен фаворит за најдобра машка улога е Британецот Ливетел Еџиофор за филмот „Дванаесет години ропство“, додека кај дамите подеднакви шанси им се даваат на Кејт Бланшет („Синиот јасмин“), Сандра Булок („Гравитација“) и Ема Томпсон („Спасување на Г. Бенкс“).
Во трка за најдобар режисер се Алфонсо Куарон за „Гравитација“, Дејвид О. Расел за „Американска измама“, Александер Пејн за „Небраска“, Пол Гринграс за „Капетан Филипс“ и Стив Меквин за „Дванаесет години ропство“.
Меѓу телевиските серии фаворити за „Златен глобус“ се „Куќа од карти“ и „Breaking Bad“.
Кога стануива збор за странските филмови номинирани се канскиот победник, францускиот „Животот на Адел: Поглавје 1 и 2“, чија англиска верзија е насловена „Сината е најжешка боја“, потоа иранскиот „Минато“, италијанскиот „Големата убавина“, данскиот „Лов“ и јапонскиот цртан филм „Ветрот зајакнува“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа