ФОТО: Македонец ќе го брани голот на романскиот фудбалски гигант Стеауа Букурешт

 

Македонскиот голман Мартин Богатинов е новото засилување за Стеауа Букурешт. Тој денеска го потпиша договорот со гигантскиот романски тим.

-Многу сум среќен и задоволен што потпишав со Стеауа. Знам дека ова е голем клуб и чест ми е што ќе го носам овој дрес. Со нетрпение очекувам да почнам да работам со моите нови колеги, вели Богатинов за официјалната интернет страница.

Богатинов ќе го носи дресот со број 86.

Браво за нашиот Македонец!

12.01.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега