Од ноќеска поевтин бензин на пумпите низ Македонија

 

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина. Регулаторната комисија ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од полноќ. Согласно одлуката малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за  домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1денар и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 денаери за литар, а цената на ЕУРОСУПЕР  БС-98 изнесува 79 денари за литар додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство  (ЕЛ-1) изнесува 57,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари за литар и ќе се точи за 68,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,824 денари за килограм, и изнесува 39,384 денариза килограм

Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,99 %, односно за 1,77 % во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 30.12.2013 година. 

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 108,041 $/барел и е за 2,73 % пониска од просечната цена на сурова нафта (111,069 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати. 

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 45,0089 ден/$ и е за 0,44 % повисок од курсот на доларот (44,8112 ден/$) по кој беа формирани цените.  Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 1,47 % или за 14,1 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 1,96 % или 18,125 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,92 % или за околу 11,44 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. 

 

 

13.01.2014 - 12:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега