"Ќе играме додека не умреме?" - горештините прават проблеми на „Австралија Опен“
Екстремно високите температури кои достигнуваат преку 40 степени им создаваат многу проблеми на сите учесници во Грен слемот „Австралија Опен“.
Канадскиот тенисер Франк Данчевич колабираше поради рекордно високите температури.
- Ова не е хумано и не е фер. играчите паѓаат и се онесвестуваат. Ова не е нормално. Ќе играме ли додека не умреме?, вели тенисерот.
Најкористен метод е „ледениот третман“ по кој дел од тенисерите успеаја да ги довршат мечевите, додека други ги предадоа.
Метеоролозите прогнозираат ваквото време да потрае до четврток за кога се најавува уште повисока температура. Заладување и пад на температурите за повеќе од 15 степени се очекува од сабота.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа