Филип Морис отвара канцеларија во Македонија - вработете се за плата до 1000 евра
Тутунскиот гигант Филип Морис отвара канцеларија во Македонија. Според информациите на ЕМагазин, преку фирмата Филип Морис Скопје ДООЕЛ од крајот на минатата година бара менаџери во областа на дистрибуција, комерција, администрација, трговија и финансиски аналитичар. Огласот е отворен до 20 јануари, а платите за дел од позициите достигнуваат и до 1000 евра.
Минатата година Филип Морис изјави дека отвора логистички центар за складирање и транспортирање на ориентален тутун во Западна Грција, кој ќе биде лоциран во градот Агринио во некогашната фабрика за тутун Папастрос. Се очекува годишно да поминуваат 15 илјади тони тутун.
Според генералниот директор на Тутунски комбинат Прилеп Александар Дерменџиев, драфт верзијата на Договорот е готова, а очекувањата се дека ова година Комбинатот да оствари загуба, која нема да ја наруши ликвидноста, а веќе во 2015, Комбинатот да влезе во позитива, пренесе Емагазин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа