Втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија - нови 1.400 работни места
Во Технолошко индустриската развојна зона во Штип денеска ќе биде отворена новата фабрика на компанијата „Џонсон Контролс“.
Во фабриката која се простира на површина од 12.000 метри квадратни се инвестирани 20 милиони евра, а ќе се вработат над 1.400 лица. Ќе произведува автомобилски седишта и навлаки.
СПоред најавите, на отворањето ќе присуствуваат претставници на „Џонсон Контролс“, на македонската Влада и на Амбасадата на САД.
Ова е втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија. Првата се наоѓа во индустриската зона „Бунарџик“.
„Џонсон контролс“ е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Фабрики на „Џонсон контролс има во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа