Леонардо Ди Каприо призна која е неговата слабост
Леонардо Ди Каприо по се изгледа дека е скромно момче и не ужива во луксуз, но сепак признава дека има една слабост, а тоа се јакните .
„Ги имам стотина и не можам да престанам да ги купувам. Најлошо од се што сите се многу слични. Воопшто немам многу облека во плакарот и незнам од каде ми е таа опседнатост со јакните. Некои купуваат слики и часовници, а јас јакни“, вели актерот.
Тој открива дека најскапото нешто кое некогаш го купил, е куќата на мајка му, која ја платил околу 30 милиони долари.
20.01.2014 - 16:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа