Антиќ го разбуди ѕверот во себе - рекордни 17 поени за првиот Македонец во НБА

Перо Антиќ синоќа блескаше на теренот во играта против актуелниот шампион на НБА лигата Мајами. Атланта славеше со 121:114, а нашиот Антиќ го разбуди уверот во себе и постигна фантастични 17 поени, имаше шест скокови и три асистенции, а помина само 25 минути на паркетот.

Најголемиот број од поените, 12, Антиќ ги постигна во првото полувреме, покажувајќи го својот неверојатен талент. На почетокот на третиот период беше повлечен од игра поради лични грешки, но кога повторно се врати во игра постигна два важни поена за водство.

Ова се рекордни поени на Антиќ откако е во НБА лигата.

21.01.2014 - 09:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега