Еве што не треба да јадете пред да водите љубов
Постојат одредени типови храна кои ја зголемуваат желбата за секс, но исто така има и видови храна кои треба да ги избегнувате пред да водите љубов, бидејќи може да ве подујат, успијат и да ја убијат желбата за секс.
ГРАВ
Пред водење љубов никако немојте да јадете грав, не само поради тоа што предизвикува гасови, туку и бидејќи предизвикува подуеност. Причината за тоа е лушпата на гравот, која е богата со сирови влакна и други материи кои несварени пристигнуваат во дебелото црево.
ВЕШТАЧКИ ЗАСЛАДУВАЧИ
Тие имаат нула калории, но многу често се тешко сварливи поради состојката сорбитол, која може да предизвика подуеност.
БРОКУЛА
Брокулата го има истиот ефект како и гравот, карфиолот и ќељот, бидејќи крие несварливи шеќери.
ЦРВЕНО МЕСО
Вечера звучи како одличен романтичен состанок, но ако вечерате црвено месо, поголеми се шансите да ви се приспие отколку да бидете расположени за водење љубов. Тоа е така, бидејќи црвеното месо побавно се вари.
СИРЕЊЕ
75% од вкупната светска популација има нетолерантност кон лактоза, односно на млечни производи. Затоа, избегнувајте млечни производи пред водење љубов.
АЛКОХОЛ
Една чашка алкохол за опуштање е дозволена. Но, алкохолот може да делува како седатив и да ве успие ако малку претерате. Доколку пиете пиво, мора да внимавате и на гасови кои се последица на јаглерод диоксид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа