ЕЛЕМ нуди вработување - плата 27.000 денари

 

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи пречистен текст Сл.весник бр.54/2013 година и член 5,7, 8 и 9 од Колективниот договор на АД Електрани на Македонија, во државна сопственост Скопје, а во врска со Одлуката за потреба од засновање на работен однос бр.04-390/1 од 22.01.2014 година

АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ

објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

За потреба од засновање на работен однос во Дирекција, АД ЕЛЕМ – Скопје,

за извршување на работи на неопределено време, за следното работно место:

- 1 (еден) извршител на работно место 1100/67 „Референт за административни и архивски работи, приправник, во Службата за заеднички набавки, Оддел за заеднички набавки, Сектор за комерцијални работи.

Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: IV степен, Средно училиште.

Паричниот износ на основната плата е 26.980 денари.

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок. Полното работно време на работникот изнесува 40 часа неделно, а во текот на работниот ден ќе трае 8 часа и тоа со почеток од 07:30-08:00 часот до 15:30-16:00 часот. Огласот трае пет работни дена од денот на огласувањето.

Со пријавата кандидатите да достават:

- Доказ за завршено образование (оригинал или копија заверена на нотар);

- Уверение за државјанство (копија);

- Кратка биографија;

- Контакт телефон.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Повеќе информации за начинот на пријавувење на овој линк

 

 

24.01.2014 - 00:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега