Димков: Новите инвестиции во источниот регион ќе отворат многу работни места

Пратеникот во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ Трајче Димков, денеска на прес-конференција ги поздрави  новите капитални инвестиции во источниот регион со кои ќе се отворат многу нови работни места.

На денешната прес-конференција тој потсети дека пред неколку дена беше отворена првата фабрика во економската зона во Штип или втора фабрика на „Џонсон Контролс“ во Македонија, официјализирана е браунфилд инвестицијата „Амфенол“ во Кочани вредна околу 6 милиони евра, во Велес фабрика ќе гради германската компанија „Маркарт“...

- Во нашиот регион благодарение на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само преку овие три фабрики влегоа инвестиции во висина од околу 61 милион евра. Сите овие инвестиции ќе значат освежување во стопанскиот живот во источниот регион, инвестиции кои веќе вработија над 1.000 луѓе, а наредните неколку години ќе вработат вкупно над 3.500 луѓе, рече Димков, додавајќи дека Владата на ВМРо-ДПМНЕ прави напори да донесе нови гринфилд и браунфилд инвестиции, со кои ќе се отворат многу нови работни места.

24.01.2014 - 12:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега