Македонја се најде во петтиот шешир за ждрепката за ЕП 2016

 

Фудбалската репрезентација на Македонија се најде во петтиот шешир од составите на 53 слекции кои што ќе ја чекаат ждрепката за ЕП закажна за 23 февруари во Ница.

Евдопската фудбалска асоцијација УЕФА денеска репрезентациите ги подели во шест шешири, од кои во пет се наоѓаат по девет репрезентации, а во последниот осум.

Состав на „шеширите“:

Прв шешир: Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Португалија, Грција, Русија, Босна и Херцеговина.

Втор шешир: Украина, Хрватска, Шведска, Данска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Унгарија, Република Ирска.

Трет шешир: Србија, Турција, Словенија, Израел, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Полска.

Четврти шешир: Црна Гора, Ерменија, Шкотска, Финска, Летонија, Велс, Бугарија, Естонија, Белорусија.

Петти шешир: Македонија, Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан, Грузија, Кипар.

Шести шешир: Луксембург, Казахстан, Лихтенштајн, Фарски Острови, Малта, Андора, Сан Марино, Гибралтар.

Квалификациите за ЕУРО 2016 кое ќе се одржи во Франција ќе стартуваат на 7 септември.

Директен пласман на ЕП ќе обезбедат двете најдобро пласирани од секоја група исто како и најдобрата третопласирана селекција. Осумте други третопласирани ќе играат бараж за останатите четири места.

24.01.2014 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега