Џенифер Лопез и Питбул ќе ја изведат официјалната песна на СП Бразил 2014

 

Џенифер Лопез, раперот Питбул и бразилската пејачка Клаудија Леите ќе бидат изведувачите на официјалната песна на Мундијалот во Бразил годинава. Тројцата беа претставени на славниот бразилски стадион Маракана, каде на 13 јули ќе се одигра финалниот меч. 

Песната се вика "We Are One (Ole, Ola)", а целта е да го повтори успехот на хитот "Waka Waka" кој го испеа Шакира и беше службена песна на СП во Јужна Африка пред 4 години.

Автор на синглот  "We Are One" е Питбул кој се обиде да му ја долови на светот бразилската страст.

24.01.2014 - 20:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега