Дарувајте крв во чест на Тоше Проески

 

По повод роденденот на македонската музичка легенда Тоше Проески, денеска се организира крводарителска акција.

Според организаторите Црвениот крст на Град Скопје, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот, акцијата која се организира по деветти пат е една од најпосетените и најмасовни акции. Акцијата се спроведува во Домот на АРМ во Скопје од 10 до 18 часот.

Крводарителски акции во спомен на Тоше Проески се одржуваат уште од 2010 година. Тие се реализираат два пати годишно. Во досегашните осум акции 2.034 крводарители дарувале крв.

25.01.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега