Граѓаните навалија - голем интерес за откуп на дворовите за едно евро по квадрат
Кај граѓаните постои голем интерес за искористување на можноста што им ја даде Владата со продолжување на рокот за девет месеци за откуп на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен. Очекувам тоа во селедниот период да го направат десетици илјади граѓани.
Ова денеска го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
- Ние дадовме уште една шанса во следните девет месеци оние кои од било која причина претходно не го откупиле дворното земјиште да може да тоа да го направат по цена од едно евро по метар квадратен. Тоа е последна шасна за граѓаните. Апелирам сите да ја искористат, истакна Ставрески.
Според министерот, интересот на граѓаните е добар, а во Управата за имотно правни работи доаѓаат голем број граѓани кои прашуваат која документација е потребна.
- Верувам дека сите граѓани кои претходно ја немале информацијата, не стигнале да ги докомплетираат документите сега ќе го направат тоа во овие девет месеци и ќе си го купат дворното место за цена која што е симболична - по едно евро за квадрат и на тој начин ќе можат понатака да го користат за надградба, доградба на куќите, за хипотека ако треба да земат кредит во банка и ќе им го остават на своите синови, внуци во наследство, рече вицепремиерот Ставрески, додавајќи оти очекува десетици илјади граѓани да ја искростат оваа шанса односно да го купат дворното место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа