Почнува ноќното скијање на Попова Шапка - еве колку ќе ве чини тоа задоволство
На Попова Шапка од вечерва започнува ноќната скијачка сезона.
Од ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и ски-центарот „Попова Шапка“ денеска информираат дека на ски-лифтовите Поток 1 и Поток 2 (или Тетекс), вечерва во 19:00 часот ќе бидат вклучени светилките и официјално ќе започне ноќното скијање.
Според најавите, вечерва користењето на ски-лифтовите ќе биде бесплатно. Од наредните денови ќе важат вообичаените цени, односно 900 денари за целодневен односно 600 денари за полудневен билет и 400 денари за ноќно скијање.
25.01.2014 - 15:17
Фото:
Kurir.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа