Латас: Лазаров покажа дека не е секој голем играч и голем човек

 

По вчерашната изјава на Латас во вестите на Сител, во врска со Кире Лазаров, а која предизвика бројни реакции, тој се огласи со дообјаснување. Ви го пренесуваме во целост.

1.Кире Лазаров е оспорен не заради својата игра, која е таа што е, и неспорна е. Оспорен е заради изјавата дека не ни требаат тренери ни играчи кои не се Македонци од раѓање... што е крајно политичка изява, а по својата содржина е расистичка и етнички исклучива. Политичка провокација, пар екселанс.

2. Дали Лазаров се согласува во Барселона да играат само Каталонци, евентуално само Шпанци... а тој како Македонец да добие отказ по етничка основа. Дали Франција треба да ги исфрли Карабатичи, или Македонија да го отстрани Бо од репрезентацијата затоа што, нели, не е наш...  колку Срби и Хрвати се тренери на врвни репрезнтации во кошарка и ракомет ширум Европа, па никој не им го одзел правото на работа заради етничката припадност. Дури и големата Русија нема проблеми со странец за селектор.

3. Изјавата на Кире Лазаров прв ја осуди Перо Антиќ, спортист кој е доволно добар и заслужен за Македонија за да биде земен сериозно и со респект. Наумче Мојсоски го поддржа  Перо Антич, и покажа дека е ем врвен спортист, ем човек со високи цивилизациски критеруми.

4. Погрдно и навредливо за македонскиот дрес е кога на тајм аути гледаме како немаме селектор, иако Шундовски е тука, а селектор, тренер, играч и брат... е Кире Лазаров. Е сега, овој селектор има авторитет и кај него Кире не може да биде менаџер на братот, тренер, селектор, играч... па му пречи.

Начинот како покажува заштита на своите лични интереси на штета на национланиот дрес, во оваа прилика,се политичка тема и тука Лазаров покажа дека не е секој голем играч и голем човек.

 

Поздрав, Латас

25.01.2014 - 21:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега