Татјана Хмирова: Македонија ја знаев по Кире Лазаров
ЖРК Вардар СЦБТ пред околу шест месеци доби големо засилување со ангажманот на руската ракометарка Татјана Хмирова. Покрај тоа што таа е една од најдобрите ракометарки на теренот, за неа може да се каже и дека е една од најубавитe, пишува Супер Спорт
Откако помина периодот на адаптација во нашата земја, десното крило во екипата на македонскиот шампион имаше што да каже во врска со првите впечатоци за Скопје, за тоа како е прифатена од другите девојки во клубот, како и за приватниот живот.
“Не знаев ништо за ракометот во Македонија, освен тоа што пред неколку години бевме на Европско првенство. Знаев за Кире Лазаров, изненадена бев од вашето гостопримство, а исто така многу ми се допаѓаат и вешите ресторани” – изјави Хмирова, велејќи дека каде и да оди, секогаш сака да се врати во Скопје, бидејќи тука се чуствува прекрасно.
Најмногу и недостига нејзиното семејство, но како што изјави, особено и се допаѓа тоа што Македонија има топла зима.
“Убаво ми е тука, ме прифатија одлично, но со оглед на тоа дека повеќето од нас сме нови во клубот, одлично се снаоѓаме. Инаку, за тоа што велат дека сум најубава во женскиот ракомет, мора да признаам дека ми годи, но би била пресреќна кога за мене ќе кажат дека сум одличен играч”-дополни Хмирова.
Нејзините предвидувања за клубот се дека Вардар СЦБТ има голем потенцијал со оглед на тоа што се нова екипа, и дека доправа ќе напредуваат. Вели дека во нејзиниот Волгоград, од каде што доаѓа и каде што играла претходно не била навикната на толку многу навивачи, и на таква атмосфера.
“Тука е одлично, на натпреварите кои ги играме на домашен терен има многу навивачи кои не бодрат. Би сакала да ги повикам сите што го сакаат ракометот и навиваат за Вардар, да ни дадат уште поголема подршка кога настапуваме на свој терен.” – заврши Хмирова.
Извор: Супер Спорт
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа