Ќе има тепачка за карти - Македонија против Грција во баражот за СП 2015

Македонските ракометари ги добија Грците како противници во баражот за пласман на СП во Катар, што ќе се игра во јануари следната година.

На двата бараж  меча кои ќе се играат во јуни годинава, Македонија ќе се судри со репрезенртацијата на Грција, која излезе како победник на еден од петте турнири на кои играа репрезентациите кои не се пласираа на Европското првенство во Данска.

На Македонија и се оствари желбата – ги избегна Германија и Словенија, и земајќи ги в предвид квалитетите на грчката репрезентација, има одлична шанса и оваа година да си обезбеди место на Светското првенство.

 

26.01.2014 - 13:33
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа