Охрид доделува бесплатни курсеви за државна матура

Општина Охрид ќе додели 30 бесплатни курсеви за државна матура на ученици од четврта година во охридските средни училишта.

Право на бесплатен курс за државна матура имаат кандидати кои учат во општинските средни училишта на подрачјето на општина Охрид, се редовни ученици во завршна година во средните општински училишта и не посетуваат ист курс во друга институција или фирма.

За да се пријават, учениците треба да пополнат соодветен образец за пријава, објавен на интернет-страницата на општина Охрид. Нема да бидат разгледувани некомплетни и ненавремено доставени апликации.

27.01.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега