Џафери денеска во Хрватска

Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, на чело со министерот Талат Џафери денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска.

Според најавите од Министерството за одбрана, министерот Џафери ќе оствари средби со својот домаќин, министерот за одбрана на Хрватска, Анте Котромановиќ, со претседателот на државата Иво Јосиповиќ и со претседател на хрватското Собрание Јосип Леко.

Предвидено е потпишување билатерален договор помеѓу Република Македонија и Република Хрватска за изработка на предаквизициската студија за потребите на проектот BRAAD.

28.01.2014 - 09:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега