За една недела 115 заболени од грип во Велес

Во Велес има нагло зголемување на заболени од грип во последната седмица и вкупниот број на болни е 115. Во првите дваесетина дена од јануари имало 40 заболени, а во последните седум дена има нови 75 грипозни лица, според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес.

Епидемиологот д-р Билјана Трајкова информира дека во изминатата недела од грип се заболени и четири деца до 3 години и две деца на возраст од 5 до 14 години. Најмногу заболени (58 лица) има во старосната група од 15 до 64 години, а 12 се над 65-годишна возраст.

Според д-р Трајкова, состојбата со грипот во Велес не е алармантна и дека е вообичаена за овој период од годината. Сепак, предупредува  болните со симптоми на грип веднаш да се јават кај своите матични лекари за  да добијат правилна терапија.

28.01.2014 - 18:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега