"Ку*** ќе ти го унаказам лицето со киселина" - и се закануваат на српска пејачка

Српската пејачка Маја Николиќ која нам ни е позната како една од учесничките на Големиот брат, вели дка нејзиниот поранешен вереник, Ален Савиќ и се заканува, а овој пат и рекол дека ќе и го унакази лицето со киселина.

Таа за српскиот Курир си ја отвара душата и ја чита пораката која тој и ја напишал.

- Ку*** престани да зборуваш лаги за Ален. Јасно ли ти е дека треба да заборавиш дека постои? Ќе станеш инвалид. Не си свесна што те очекува. Нема да те убиеме туку ќе те силуваме и унаказиме, се вели во пораката.

Исто така, таа добивала и други пораки со заканувачка содржина во кои пишувало дека ќе и го изгорат лицето со киселина.

30.01.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега