Грипот зеде уште една жртва - заболени 5.428 лица

Во периодот од 20 до 26 јануари годинава, во Македонија грипот се регистрирани 2.090 заболени од грип. Ова говори дека се работи за зголемување од 21,9 отсто за разлика од истиот период лани.

Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 5.428. Во овој период регистрирани се два смртени случаja асоцирани со инфекцијата со вирусот на грип. Во четвртата недела регистриран е еден смртен случај кај маж на 82-годишна возраст, кој на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е донесен во тешка состојба и без свест, со историја на хронични болести (срцева слабост, дијабетес, цереброваскуларни инсулти) и кај кој лабораториски е потврдена инфекција со вирусот на инфлуенца А/Х3Н2.

Според податоците, најголем број заболени се регистрирани во Куманово.

Најмногу болни ( 3.554) се во возрасната група од 15 до 64 години.

30.01.2014 - 13:08
Фото: 
економски

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега