НБРМ: Во четвртиот квартал зголемено кредитирањето на компаниите

 

Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница оцени дека има значително забрзување на кредитната активност во четвртиот квартал од годината. Според советот, овие поволни  остварувања претставуваат индикација за можно стабилизирање на согледувањата на банките за ризиците од пласманите во овој сектор, што делумно може да произлегува и од досегашното монетарно олабавување.

Според Советот на НБРМ, клучните макроекономски параметри во домашната економија главно се совпаѓаат со проекциите од октомврискиот циклус. И покрај тоа што закрепнувањето на странската побарувачка се одвива бавно и во првите три квартали од годината, домашната економија повторно имаше солиден раст  од 3,3 отсто, заснован врз специфичните фактори, како што се влезот на новите странски инвестиции и фискалниот импулс. Досегашните остварувања во реалната економија и најновите расположливи податоци упатуваат на натамошен солиден економски раст, на годишно ниво, и на остварување на проектираниот раст на БДП од 3,3 отсто за целата 2013 година.

Годинава и наредната година се очекува натамошен раст на економијата, но со забрзано темпо, со очекувана стапка на раст на БДП од 3,7 отсто и 4,4 проценти, соодветно.

30.01.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега