ДУИ ќе ја напушти Владата - предвремени избори заедно со претседателските
Без договор со ВМРО-ДПМНЕ за консензуален претседател ДУИ ја напушта Владата. Од партијата на Ахмети за Алсат велат дека ДУИ ќе бара предвремени избори избори заедно со претседателските.
“ДУИ смета оти ако не наидеме на разбирање околу нашиот предлог за консенсуален кандидат, сметаме дека политчките субјекти уште не се спремни за ваков предлог, уште се незрели за соочување со новите предизвици. Ставот на ДУИ е дека ако нема позитивен одговор, сериозно ќе се разгледуваат сите опции, вклучително и предвремените избори“, рече Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ во изјава за Алсат
Адеми вели дека очекуваат одговор од ДПМНЕ и оти немаат разговарано за предвремени избори.
Со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека нема да дозволи ДУИ да им го бира претседателскиот кандидат, извесно е дека во април ќе се одржат двојни избори.
Медиумите веќе објавија дека најверојатниот термин за првиот круг на претседателските избори е на 13 април, додека вториот круг би се одржал на 27 април и во него, покрај за претседател би се гласало и за пратеници, на предвремени парламентарни избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа