Македонија пред политичка криза: Груевски ставен пред свршен чин

 

Македонија се наоѓа на прагот на нова политчка криза по најавата на ДУИ дека ќе ја напушти Владата доколку коалициониот партнер, ВМРО-ДПМНЕ не се согласи со ултиматумот за консензуален претседател. Ваквиот став вчера јавно го соопшти генералниот секретар на ДУИ Абдулаќим Адеми во изјава за теелвизијата Алсат М.

“ДУИ смета оти ако не наидеме на разбирање околу нашиот предлог за консенсуален кандидат, сметаме дека политчките субјекти уште не се спремни за ваков предлог, уште се незрели за соочување со новите предизвици. Ставот на ДУИ е дека ако нема позитивен одговор, сериозно ќе се разгледуваат сите опции, вклучително и предвремените избори“, рече Абдулаќим Адеми, генерален секретар на ДУИ во изјава за Алсат

ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати излезе со став дека нема да дозволи други политчки партии да го одредуваат нивниот претседателски кандидат и дека за тоа кој ќе излезе на соочувањето со граѓантие во претседателската трка ќе се реши на партиската конвенција, пракса која владејчката партија ја спроведува во секој изборен циклус. 
Ваквиот развој на настаните широко ја отвора вратата за нови предвремени парламентарни избори и го става премиерот Груевски пред свршен чин, одсноно во ситуација кога ДУИ ја откажува поддршката за коалиционата влада. Тоа значи дека Македонија влегува во нова политчка криза чие решение единствено би можело да се најде преку предвремени парламентарни избори.
Кога би се одржала изборната трка за ново место во македонскиот законодавен дом се уште не се знае. Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, утрово во интервју за државната МИА информираше дека утре ќе ги распише претседателските избори, но не се прогласи за ненадлежен за тоа дали и кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори.

 „Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај и јас утре, во сабота на 1 февруари ќе ги распишам и ќе го одредам датумот на одржувањето на претседателските избори. Во однос на прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени парламентарни избори, тоа не е во моја надлежност како претседател на Собранието. Тоа е надлежност на Собранието, кое треба прво да се самораспушти за потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. Во овој момент можам да кажам дека утре ќе бидат распишани претседателските избори“, вели претседателот на Собранието за МИА. 

Актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, последниот мандат го тера 2 години и 8 месеци. Последните избори се одржаа на 5 јуни 2011 година

 

31.01.2014 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега