Хирург му удрил шлаканица на повреден пациент

Пациент од Србија доживеал вистински шок откако наместо да добие нега, кога отишол на лекар единствено што добил било шлаканица.

22-годишниот работник Горин Вујиќ се повредил на работното место додека бил трета смена. Тој си го исекол прстот на една од машините во фабриката "Фока", а кога итно отишол во болница, дежурниот хирург Милич јесторовиќ му удрил шлаканица.

Најпрво момчето со свој пријател цели 10 минути тропало на една од вратите во болницата додека прстот му крварел без престан. Една жена ја отворила вратата и им кажала да одат на друго место, а потоа докторот се симнал по скали викајќи кој тропа толку силно на вратата. Кога се приближил до момчето му удрил шлаканица, по што веднаш интервенирало обезбедувањето.

- Тропаа на вратата како луди, тоа е недоличо однесување. Јас му удрив шамар, а тој ми возврати, вели докторот.

Полицијата веднаш дошла на местото на настанот, а набрзо му била зашиена раната на пациентот.

31.01.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа