Горивата најевтини во Македонија - најскапи во Црна Гора
Според најновото истражување спроведено од страна на агенцијата Мина- Бизнис кое го објави Авто мото сојузот на БиХ, Македонија е земја во регионот која има најевтини горива, додека Црна Гора се наоѓа последна на таа листа.
Еуросупер 95 и 98 во Црна Гора се продаваат по повисоки цени отколку во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, така што, Еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,35 евра, Хрватска и Србија по 1,34, Албанија 1,33, Македонија 1,26, а во Босна и Херцеговина се купува за 1,18 евра.
Литар Еуросупер 98 пак, во Црна Гора се продава за 1,38, Хрватска за 1,37, во Македонија за 1,28 евра, додека Еуродизелот е најевтин во Македонија, со цена од 1,11 евра.
Ова истражување е спроведено во 33 европски земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа