Водителката која усмрти старец со својот автомобил се враќа на малите екрани

Водителката Петра Цвијиќ која прегази старец со својот автомобил, по две години се враќа на екраните. 

Како што јавува Курир.рс, водителката се уште чека официјална потврда од главниот уредник на RTS, за повторно да може да го води Дневникот.

За потсетување, водителката на пешачки премин прегази старец, кој за жал и мподлегна на повредите. Таа тврдеше дека не го видела човекот од автобусот кој бил паркиран пред неа. 

-Возев со пропишаната брзина додека си одев дома во Железник. Одненадеж пред автомобилот се појави човек кого воопшто не го видов. Во последен момент се обидов да го избегнам, но не успеав. Веднаш го запрев автомобилот, излегов и се обидов да му пружам помош. Тука се најдоа и други луѓе кои веднаш го однесоа во болница, изјави тогаш Петра.

 

06.02.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега