Сарачини ќе ја пофали Македонија во Турција
Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска и утре ќе престојува во посета на Бурса, Република Турција, каде ќе присуствува на вториот меѓународен економски Самит на балканските земји.
Самитот се организира под покровителство на Владата на Република Турција - Директорат за турската дијаспора и пријателите на Турција. Организатор на е РУМЕЛИСИАД, организацијата на индустријалци на Турција, во соработка со градот Бурса и Стопанската комора на индустријалците на Бурса, град кој годишно извезува стоки во вредност од над 10 милијарди евра.
На Самитот е најавено присуство на турскиот премиер, вицепремиер и министри на Владата на Република Турција, министри за економија на земјите од регионот, како и околу 800 бизнисмени од регионот.
Сарачини на Самитот ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа