Казнет судијата што му додели црвен картон на Роналдо во Билбао
Шпанскиот фудбалски судија Мигуел Анхел Ајза Гомез кој во неделата го исклучи Кристијано Роналдо за удирање на противнички играч е казнет затоа што ја загубил контролата врз играта на натпреварот до мадридски „Реал“.
Судијата го исклучи Роналдо во 75 минута од натреварот во Билбао меѓу домашниот „Атлетик“ и „Реал Мадрид“ за што ѕвездата на кралскиот клуб заработи забрана за настап на три првенствени натпревари, а е казнет и со 1.200 евра.
Тоа беше седми црвен картон за Роналдо. Но, Асоцијацијата на шпанските фудбалски судии го санкционира и судењето на судијата Гомез. Тој нема да може да суди еден месец, а во оваа фудбалска сезона Гомез не ќе може повеќе да дели правда на некои од мечевите на „Реал Мадрид“.
Според шпанските медиуми, може да се случи Гомез да биде симнат од „А“ листата на фудбалските судии, затоа што тој и досега бил на неколкупати критикуван за слабо судење и за неснаоѓање на тешки мечеви.
Кралскиот клуб најави жалба на казната за Роналдо, но фудбалски аналитичари во Мадрид велат дека казнувањето на судијата покажува колку е моќен „Реал Мадрид“ и колку е големо неговото влијание во шпанскиот фудбал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа