Големо апсење на Бит Пазар: Полицијата го возврати ударот
Повеќе лица се уапсени во голема полициска акција која се одвивала вчера во скопски Бит Пазар, дознава Press24 од судски извори. Според нашите информации, уасени се повеќе лица за инцидентот од пред Нова Година, кога полициските службеници се обидоа да запленат поголема количина на петарди. Неофицијално, 5 лица добиле и притвор.
Од МВР ја потврдуваат информацијата за апсењето но не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат за подоцна во денот.
На 29 декември, минатата година полициските службеници беа спречени при контрола на Бит Пазар. Поголема група граѓани од локалното население ги нападнаа полицајците по што тие мораа да испукаат и предупредувачки истрели во воздух. Еден полициски службеник беше повреден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа