Познат фудбалер загина во сообраќајка
Фудбалерот на украинскиот шампиот Шахтјор од Доњецк, Маикон Переира Де Оливеира, рано утрово трагично загина во сообраќајна несреќа.
„Беше талентиран фудбалер, отворено и пријателски настроено момче.Го сакаше животот и на него гледаше на ведар и позитвен начин. Трагичната предвремена и апсурдна смрт го оттргна од животот во неговата 25-та година. Ова е голема загуба за сите нас и клубот изразува сочуство на неговото семејство и пријателите. Нека почива во мир…“ – стои во соопштението на офоцијалниот веб сајт на ФК “Шахтјор“.
Маикон е роден во Рио де Жанеиро на 8 мај 1988 година. Пред да заигра во украинскиот шампион Шахтјор, настапувал за Атлетико Моги, Волин, Стеауа –Букурешт, а играл како позајмен играч и за Зориј и Илшивец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа